Саксиско цвеќе

Во нашиот асортиман се достапни орхидеи, циклами, антуриуми, бегонии, каланхои, азалии и многу други видови саксиско цвеќе

Саксиското цвеќе внесува свежина, боја и природна убавина во секој дом, канцеларија или деловен простор. Постојано ги следиме светските трендови и редовно ја збогатуваме понудата со нови и атрактивни видови цвеќе, внимателно одбрани за да понудат долготрајна убавина и квалитет.

Со редовен увоз од водечките светски цветни берзи и производители, обезбедуваме разновиден асортиман според потребите на нашите клиенти, како и постојано достапни сезонски и стандардни видови цвеќе.

Видови саксиско цвеќе

Орхидеи, циклами, антуриуми, бегонии, каланхои, азалии и многу други видови саксиско цвеќе.

Контролиран транспорт

Цвеќето се транспортира во контролирани услови, со соодветна амбалажа и температура, со цел да се зачува неговата свежина и квалитет од местото на потекло до крајниот купувач.

Вработена во расадник која се грижи за саксиски растенија

Оранжерија

Располагаме со оранжерија за чување, нега и рехабилитација на саксиското цвеќе, обезбедувајќи оптимални услови за негово одржување и свежина.

Флористички обуки и трендови

Редовно организираме едукативни работилници и презентации за нашите клиенти, следејќи ги најновите светски трендови во флористиката и цветното аранжирање.

Подготвени за нарачка?

Контактирајте нѐ за повеќе информации и актуелна понуда на саксиското цвеќе.