Разновидно свежо цвеќе за цвеќарници и декорации

режано цвеќе

Во нашата понуда се достапни рози, лалиња, гербери, хризантеми, орхидеи и други видови свежо цвеќе.

Режаното цвеќе е дел од секојдневните и најважните животни моменти – од лични прослави и домашна декорација до корпоративни и свечени настани. Во Сардоникс нудиме широк избор на свежо режано цвеќе со врвен квалитет и долготрајна свежина.

Со редовен увоз од водечките светски цветни берзи и производители, обезбедуваме разновиден асортиман според потребите на нашите клиенти, како и постојано достапни сезонски и стандардни видови цвеќе.

Видови режано цвеќе

Рози, лалиња, гербери, хризантеми, орхидеи, каранфили и други сезонски видови свежо цвеќе.

Транспорт согласно највисоките стандарди за квалитет

Транспортот на цвеќето се одвива во строго контролирани услови, со соодветна амбалажа и оптимална температура, со цел да се зачува неговата свежина и квалитет. Цвеќето го увезуваме од различни делови на светот, Еквадор, Јужна Африка, Холандија, и благодарение на современите логистички процеси и внимателното ракување, до нашите клиенти пристигнува во беспрекорна состојба и со врвен квалитет.

Редовен увоз од Холандија

Оптимални услови за чување

По пристигнувањето, цвеќето се складира во оптимални услови и на соодветна температура, што овозможува максимална свежина и континуирана достапност во текот на целата недела.

Флористички обуки и трендови

Редовно организираме едукативни работилници и презентации за нашите клиенти, следејќи ги најновите светски трендови во флористиката и цветното аранжирање.

Подготвени за нарачка?

Контактирајте нѐ за повеќе информации и актуелна понуда на свежо режано цвеќе.