САРДОНИКС СД

Традиција и посветеност

Цвеќе со врвен квалитет

Увоз и дистрибуција на режано цвеќе, саксиски растенија, надворешно цвеќе и репроматеријали секоја прилика.

Сардоникс СД е специјализирана компанија за увоз, дистрибуција и продажба на свежо режано цвеќе, саксиски растенија, надворешно цвеќе и професионални материјали за цвеќарници. Со повеќе од 20 години искуство и над 30 години семејна традиција, обезбедуваме квалитетни производи од водечки европски производители и сигурна услуга за нашите партнери.

Работиме со цвеќарници, градинарски центри, компании и професионални декоратери, нудејќи широк асортиман на цвеќе, растенија и додатоци за цветни аранжмани.

Вработена во расадник која се грижи за саксиски растенија
Режано
цвеќе

Свежо режано цвеќе со врвен квалитет и редовни испораки од Европа.

Саксиско
цвеќе

Декоративни саксиски растенија за домови, деловни и јавни простори.

надворешно
цвеќе

Сезонски и повеќегодишни растенија за паркови и дворови.

матријали
за цвеќе

Професионални додатоци за цвеќарници и декорации.

Свежо увезени лалиња подготвени за дистрибуција

МИСИЈА

Создаваме простори исполнети со живот

Нашата мисија е да обезбедиме врвен квалитет и максимално задоволство за секој клиент. Како еден од водечките увозници на цвеќе во земјата, секоја недела увезуваме свежо резано цвеќе директно од цветната берза во Алсмер, Кралството Холандија, а редовно вршиме и увоз на висококвалитетно саксиско цвеќе.

Со современи и соодветно опремени простории за складирање, нега и чување на цвеќето во оптимални услови, гарантираме свежина, долговечност и беспрекорен квалитет на нашите производи. 

Направи
нарачка

Разновидно свежо цвеќе за цвеќарници и декорации

се радуваме
на вашата посета

Адреса:

Борис Трајковски бр. 200 Д.П. 18,
1000 Скопје, Северна Македонија

Sardoniks SD © All Rights Reserved. 2026